Дванаесет лица се приведени во врска со пожарот во кој загинаа 29 луѓе во болница во Пекинг, вклучително и директорот на установата, соопшти градската полиција.
Сун Хаитао од Бирото за јавна безбедност на Пекинг на прес-конференција изјави дека се приведени и претставници на компанија што ја реновирале болницата.
Државната телевизија јави дека прелиминарната истрага открила дека пожарот бил предизвикан од „искри генерирани за време на внатрешното реновирање и изградбата на стационарното одделение на болницата“.