![pozar 02](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/pozar-02.jpeg?resize=696%2C463&ssl=1)
Четири лица загинаа во ковид болница во Букурешт во пожар кој избувна рано утрово.
Здравствените власти информираат дека се евакуирани 102 пациенти од болницата.
Во меѓувреме, пожарот, кој избувнал околу 4 часот во една од зградите во болницата „Матеј Балс“ во Букурешт, е изгаснат.
Полицијата сѐ уште не ги соопшти причините за пожарот.