Двајца падобранци загинаа денеска при слетување со падобран, за време на вежба во Белорусија.
Од Министерството за одбрана во Русија, велат дека овој инцидент се случил поради силен ветер.
„Поради ненадејниот силен налет на ветерот, се приближија двајца падобранци, војници под договор, кои се висококвалификувани инструктори за падобранство. Заштитата на двајцата падобранци откажа“, изјавил за новинарите претставник на одделот, пренесува ТАСС.
Тие биле хоспитализирани, но подоцна подлегнале на здобиените повреди.