Загинаа најмалку 11 лица откако автомобил влета на божиќен базар во Германија

Автомобил вечерва влета во толпа луѓе на божиќниот базар во централниот германски град Магдебург.

Според пишувањата на германските медиуми, најмалку 11 лица загинале, но се стравува дека може да има уште загинати. Повредени се меѓу 60 и 80 лица.

Властите го истражуваат нападот како тероризам.

Полицијата го уапсила возачот чиј идентитет е непознат засега, велат извори од локалната власт на кои се повикува германската новинска агенција Dpa.

Првичните проценки се дека има 11 загинати и околу 60 повредени лица, а итната помош соопшти дека бројот на повредени е уште поголем. Поточно, меѓу 60 и 80, пренесува германски Билд.

Како што пренесува „Mitteldeutsche Zeitung“, градот Хале, градот Кошице, Магдебург, по нападот веднаш ги зголемиле безбедносните мерки на своите божиќни базари.

– Болниците во овој град, кој е оддалечен околу 80 километри од Магдебург, се подготвуваат да ги примат повредените – изјави Тобијас Тешнер, шеф на безбедносниот сектор на градот Хале.