Загинаа сопругата и ќерката на водачот на Хамас

Шест лица загинале во утрово кога израелската војска ја напднала куќата на водачот на Хамас.

Ова го објавиле палестинските безбедносни служби, а Израел ја потврдил информацијата.

Во нападот загинале жената и ќерката на Мухамед Деиф, водачот на Хамас.

Израелски министер изјавил дека од сега Мухамед е „лeгитимна мета за ликвидација“.

-Мухамед Џеф заслужува смрт иста како поранешниот прв човек на Ал Каеда, Бин Ладен. Тој е легитимна мета и кога ќе се појави прилика за негова ликвидација, истата треба да се искористи, изјавил Гидеон Саар, израелскиот министер за внатрешни работи.