Загинаа тројца мигранти во близина на грчкиот остров Сими

Тројца загинаа, а осуммина се спасени, откако се преврти чамец со мигранти во морскиот дел северно од грчкиот остров Сими, јави дописничката на МИА од Атина.

Од доцна синоќа во тек е спасувачка акција на Крајбрежната служба на Грција во која учествуваат патролни бродови, приватни чамци, но и хеликоптер, а беа извлечени безживотните тела на три лица и осум биле спасени и пренесени на Сими.

Во чамецот веројатно се превезувале 13 лица, со што продолжува потрагата по двајца исчезнати.