Загинал волонтер во Петриња додека помагал околу санација на кров

Во Петриња денеска се случила нова трагедија.

Од пад од кров околу 10 часот утринава загинал волонтер кој им помагал на жртвите.

Пожарникарите и итната помош пробале со реанимирање, но за жал неуспешно. Станува збор за 57-годишниот А.Ц., поранешен специјален агент и пензиониран офицер од селото Мали Јадр во близина на Врбовско.

„Ми се јави вчера, ме праша дали сум во областа Петриња за да се сретнеме. Му реков дека доаѓам кон средината на неделава. Тоа е последно што се слушнавме, не ми се верува”, изјави неговиот пријател за Јутарњи.

„Не се качувајте на покриви на неорганизиран начин. Знам дека е тешко да се погледне вашиот имот и маки, но најтешко е да се излезе пред семејството и да се каже дека веќе немаат некој близок. Во таа помош можеме да направиме страшна штета, а од друга страна кога ќе погледнеме дека човек изгубил живот тогаш нема зборови со кој ќе се намали болката. И тогаш како пред тие луѓе?“, истакна градоначалникот на Петриња Даринко Думбовиќ за ХРТ.