Загинале 29 Американци а 15 исчезнале во нападот на Хамас

Двесет идевет државјани на Соединетите држави загинале во нападите на радикалната исламистичка група Хамас во Израел, потвори во саботата портпаролот на американскиот Стејт департмент.

Претходно беше потврдено дека 27 Американци ги загубиле животите во ненадејната операција на Хамас минатата сабота.

Портпаролот изјавил дека САД поседуваат информација дека 15 нивни државјани исчезнле, како и дека се „работи деноночно“ за да се утврди каде се наоѓаат.

Сосединетите држави соработувале со израелската ввлда на секој аспект од заложничката криза, вклучително и размената на разузнавачките податоци, додал портпаролот на Стејт департментот.