Загинале мајка и дете при бегање од пожар

Во пожарот кој рано утрово изби во стан во Бежаниска коса, Белград, загинале две лица, жена и дете. Мајката и детето скокнале од прозор од 4-ти кат за да се спасат од пожарот и настрадале. Според неофицијалните информации, кога избил пожарот во станот жената и детето скокнале од прозорот со цел да се спасат со огнената стихија, меѓутоа тие починале од здобиените повреди.
Според српски медиуми, оваа страшна трагедија доби нов развој откако истражните органи излегоа на терен и утврдија дека мајката најверојатно сама го предизвикала пожарот, а потоа ѝ ги пресекла вените на својата ќеркичка, па себе си и потоа скокнала од 4 кат, заедно со своето дете.