Десетици луѓе се загинати или се повредени во експлозија во џамија во областа Спингар близу градот Џалалабад во источната авганситанска провинција Нангахар, објави во петокот електронската верзија на дневниот весник Etilaat Roz повикувајќи се на извор од регионалните власти.
Во информацијата се наведува дека експлозијата се случила во 13,30 часот по локално време, или 10 часот по македонско, кога голама маса луѓе се собрале на традиционалната петочна пладневна молитва во џамијата. Засега нема други информации за инцидентот.
Според првичните информации загинале најмалку три лица а поврдени се 15 лица.
Атал Шинвари, жител од близината на џамијата, изјавил за Reuters дека во нападот е повреден имамот и дека експлозијата одекнала во раните попладневни часови откао бил детониран експлозив кој очигледно бил поставен во внатрешноста на џамијата.
Неименуван талибански функционер ја потврдил експлозијата и можен поголем број на настрадани.
Нападнатата џамија во Нангахар ја посетувале сунитските муслимани, додека претходните напади откако талибаните ја преземаа власта во Авганистан беа насочени кон шиитските џамии, особено оние кои ги посетуваат припадниците на малцинската етноконфесионална заедница Хазари.
Засега никој не ја презема одговорноста за денешната експлозија во џамијата во Спингар, додека за нападите врз шиитски џамии одговорноста да ја презема џихадистичката групација Исламска држава на Хорасан.