Загинатиот во Мала Речица бил амнестиран пред два месеци

Наим Реџепи – Беланоча, загинатиот во Мала Речица, бил амнестиран со законот кој го донесоа СДСМ и ДУИ, пренесув а „Инфомакс“.

Реџепи бил осуден за финансиски криминал, во кој учествувал заедно со уште еден познат кумановски бизнисмен, но благодарение на Законот за амнестија кој го донесе владејачкото мнозинство, пред два месеци, тој заедно со уште неколку илјади други лица беа ослободени од одлежување на казната, пишува порталот.

Беланоча бил дел од општинскиот огранок на ДУИ во Куманово, каде заедно со Фатмир Идризи и Фериз Дервиши работеле на преземање на раководството со општинскиот огранок на партијата, стои во текстот на Инфомакс.

Вчера беа застрелани веднаш по добивањето на функциите во партиското седиште во Мала Речица.