Жртвите на вчерашните напади на аеродромот и метрото во Брисел се граѓани на 40 држави, изјави белгискиот министер за внатрешни работи, Дидие Рејндерс.
– До моментов имаме податоци за загинати и ранети лица од 40 различни држави. Воспоставивме контакт со сите амбасади, но и покрај тоа е мошне тешко да бидат идентификувани загинатите, особено во експлозијата во метрото, рече Рејндерс.
Во Брисел вчера беа извршени серија напади, за кои одговорноста ја презеде Исламска држава. Две експлозии одекнаа на бриселскиот аеродром Заветнем и една во метрото. Загинаа повеќе од 30 лица, а ранети се над 200.