Околу 20,49 часот во понеделникот нов потрес со мајгнитуда од 3,2 по Рихер е почувствуван во хрватската престолнина Загреб, ден по силниот удар во кој едно дете го загуби животот а уште триесетина лица беа повредени
Според подацотеи на Европскиот медитерански сеизмолошки ценатар (EMSC), епицентарот на вечлерашниот земотрес кој траел неколку секунди бил на длабочина до 10 километри. Епицентарот е регистриран на 20 километри западно од Загреб и три километри источно до Брегана.
Станува збор за еден од низата 60-ина потреси кои од неделата утрото го погодија Загреб.
Вчерашниот главен подземен удар во 6 часот утрото, беше со магнитуда со 5,5 по Рихтер и беше проследен од уште два исто така силни.
Во овој потрес животот го загуби 15-годишно девојче кое во понеделникот им подлегна на повредите, а повредени се уште 27 лица.
Според загрепските градски власти, во потресите значително се оштетени преку пет илјади објекти, а вкупната материјална штета сѐ уште не е конечно потврдена.