Загрижен е што ќе добие осмо дете на 73 години

Mик Џегер го очекува своето осмо дете со 29 годишната девојка Мелани Хамрик, но изгледа дека е загрижен за тоа. Блиски извори тврдат дека 73 годишниот рокер е загрижен за татковството во своите години, па воопшто не одговара на честитките за приновата.

Мик 29 годишната балерина на никој ја нема претставено како своја девојка, а од март никој  ја нема видено на неговите настапи.

Бебето ќе пристигне во декември, а Џегер наводно со Мелани потпишал и финансиска спогодба, според која, таа има право на 15.000 фунти месечно, а  до 18-тиот роденден на детето, уплатите би изнесувале околу 2,5 милиони фунти.

Сличен договор потпиша и со Лусијана Гомез, со која го има синот Лукас. Неговата најстара ќерка Карис има 45 години, а нејзина мајка беше актерката Марша Хант. Со првата сопруга Бианка ја има ќерката Џејд а со другата сопруга, Џери Хол има четири деца, Лиза, Џорџина, Џејмс и Габриел.