Загриженост во Грција за поскапувањето на цените и ситуацијата на Блискиот Исток

Речиси девет од десет Грци изразуваат голема (63 отсто) или прилична (23 проценти) засегнатост поради поскапувањето на цените, а 84 отсто се загрижени за ситуацијата на Блискиот Исток, според резултатите од новото истражување на јавното мислење спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Поскапувањето на цените е број еден проблем за Грците и со оглед на тоа дека речиси половината од анкетираните наведуваат дека храната е категоријата на семејни трошоци што најмногу ги загрижува.

На политичката сцена, распоредот на силите останува непроменет, Нова демократија и понатаму доминира со 33,5 отсто, двојно повеќе од СИРИЗА што добива 15 проценти, а потоа следат ПАСОК- Движење на промена со три отсто помалку од СИРИЗА.

Истражувањето на јавното мислење на „Pulse“ за телевизијата „Скај“ било спроведено од 26 до 30 октомври 2023 година со анкетирани 1.163 лица со право на глас.