Загриженоста за снабдувањето ги турна цените на нафтата на 89 долари

ените на нафтата се искачија во вторник на меѓународните пазари на 89 долари, бидејќи украинските напади врз руските енергетски постројки и ескалацијата на конфликтите на Блискиот исток ја поттикнаа загриженоста за снабдувањето.

На лондонскиот пазар во попладневното тргување цената на барелот за испорака во јуни чинеше за 1,15 долари повисока отколку на затворањето на тргувањето на крајот на минатата недела и изнесуваше 88,57 долари.

На американскиот пазар барелот за испорака во мај се тргуваше по повисока цена од 1,34 долари, по 85,05 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) во посебен извештај објави дека во понеделникот барелот од референтната нафтена кошница на нејзините членки поскапе за 1,33 долари на 87,33 долари.

Трговците се загрижени поради честите украински напади врз руските рафинерии, кои почнаа пред десет дена, а во вторникот беше нападната една од најголемите руски рафинерии. Русија објави дека го одбила нападот.

Анализата на Reuters на сликaта сугерира дека наводно е погоден главниот преработувачки погон, кој сочинува околу половина од неговиот годишен капацитет од 340.000 барели дневно.

Русија е меѓу трите најголеми производители на нафта во светот, а исто така е блиску до врвот во однос на извозот на нафтени деривати.

Пазарите се загрижени за снабдувањето и ескалацијата на тензиите на Блискиот исток по, како што се верува, израелскиот воздушен напад врз иранскиот конзулат во сирискиот главен град Дамаск, во кој загинаа двајца високи ирански воени претставници и пет воени советници. Израел не потврди дека нападот е изваден од неговите авиони.

Иран му вети одговор на Израел, кој спроведува воена операција против палестинската воена група Хамас во окупираниот палестински Појас Газа.

Техеран го поддржува плаестински Хамас, но директното иранско вклучување може да предизвика „конфликт во целиот регион што веројатно ќе влијае на снабдувањето со нафта“, според Тамаш Варга од PVM.

Пазарите го чекаат и утрешниот состанок на министерскиот панел на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и нејзините сојузници независни производители предводени од Русија. Картелот веројатно нема да препорача промена во производствената политика, изјавија за Reuters извори од групацијата OPEC+.

Во исто време, изгледите за побарувачката се подобрија бидејќи податоците од март покажаа дека активноста во кинескиот индустриски сектор се зголеми првпат во шест месеци. Активноста во американските погони исто така се зголеми, првпат по година и половина.