Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изјави во неделата дека го загрижува растот на популарностана во анкетите на крајно десната евроскептична и противодоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD).
Воедно претседателот Штајнмаер предупреди на ткн „протестно гласање“ со коешто гласачите сакаат да го изразат незадоволството од политичките трендови во земјата.
„Секој гласач ја презема одговорноста за она што го прави“, рече Штајнмаер во разговор за јавната телевизија ZDF и додаде дека тоа важи доколку гласачот ја зајакнува партијата што политичката дискусија ја прави погруба.
Партијата AfD досега беше туркана на маргините на германската политика откако се појави на сцената како противник на еврото пред десет години, но набрзо успеа да стане парламентарна партија којашто ја бојкотираат сите други етаблирани партии. Но од неадамна, поради политиките на владата на социјалдемократите, зелените и либералните-демократи на канцеларот Олаф Шолц за кои гласачите имаат многу лошиу оцени, AfD успеа според рејтингот да стане втората партија во Германија зад опозициските демохристијани. Тоа предизвика жестока политичка расправа за подемот на крајната десница.
„Не смееме повеќе да ги поттикнуваме дејствувањето на оние кои шират страв во ова општество. Не ни е потребне остар раст на оние кои го шират стравот, туку на они кои ги решаваат проблемите“, рече германските претседател Штајнамер без да посочува некого но и без да ги идентификува причините за таквите состојби во германското општество.
Десната AfD во моментов има поддршка во низа анкети од 20 отсто меѓу германските гласачи. Тоа е досега е најголемата популарност на оваа партија и ја надмина и онаа на социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц.
Популарноста на крајната десница особено расте во источна Германија. AfD победи на изборите за челник на округ во сојузната покраина Тирингија во јуни, кога во Зоненберг беше избран Роберт Сеселман со надмоќна победа и покрај тоа што сите други партии застанаа зад неговиот противкандидат.
Ова беше првпат кандидат на AfD да победи на такви избори. Но набрзо потоа партијата го освои и првото градоначалничко место во соседната сојузна покраина Саксонија-Анхалт.
Во сојузните покраина Бранденбург, околу главниот град Берлин, во Тирингија и во Саксонија-Анхалт, каде за новите покраински парламенти ќе се гласа за околу една година, AfD во моментов е најсилната партија во сите анкети.
„Да, анкетите загрижуваат. Но не смееме поради тоа секое критичко прашање автоматски да го оцениме како популизам и десен екстремизам“, смета германскиот претседател Штајнмаер.
„Доколку голем дел од гласачкото тело им го сврти грбот на партиите во власта, а главната опозициска партија не извлече полза од тоа, тогаш мораме да се запрашаме“, рече Штајнамер и додаде дека партиите во власта поради тоа мора да се запрашаат дали ги истакнуваат вистинските теми.