Менаџерот на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојес, потврди дека офанзивниот бек Фабио и крилниот напаѓач Вилфред Заха, до крајот на актуелната сезона ќе настапуваат како позајмени фудбалери во дресот на Кардиф.
„Ние сме задоволни од тоа што го има прикажано Фабио во изминатиот период. Станува збор за одлична резерва. Неговиот брат има далеку поголема минутажа и одлично се вклопи во новиот систем на игра. На Фабио му посакувам се најдобро. Добивме неколку понуди за неговите услуги, а свативме и дека нема да има поголема минутажа до крајот на актуелната сезона. Фабио дојде во мојата канцеларија и ми кажа дека е заинтересиран за преселба во редовите на Кардиф. Пред да почне новата сезона имав важен состанок со Заха. Му кажав дека ако не одигра доволен број на натпревари во првиот дел од сезоната, ќе му дозволам вториот дел од сезоната да го одигра како позајмен фудбалер. И за него добивме неколку понуди, но убеден сум дека Кардиф е вистинската дестинација”, изјави Мојес.