Захарова: Американската „длабока држава“ ја криеше вистината за менталното здравје на Бајден

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во петокот коментирајќи го тоа што менталното здравје на американскиот претседател Џо Бајден беше главната тема на овонеделниот состанок на НАТО рече дека американската „длабока држава“ и мејнстрим медиумите долго време ја кријат од јавноста неговата вистинска здравствена состојба.

Одговарајќи на новинарски прашања на редовниот дневен брифинг, Захарова рече дека оние кои сакале да го прикажат Бајден како компетентен само ја влошиле ситуацијата.

Руската дупломатка ја даде оваа изјава откако Бајден направи нов гаф ноќта кон петокот именувајќи го украинскиот претседател Володомир Зеленски како рускиот претседеател Владимир Путин, а само неколку часа подоцна својата потпретседателка Камала Харис ја идентификуваше како претходниот претседател Доналд Трамп, сега негов републикански противкандидат на претстојните претседателски избори.

Во претходна објава на социјалните мрежи, Захарова на шега го нарече Бајден „проруски кандидат контролиран од Кремљ“. Тоа алудира патем и на двете претходни изјави годинава на рускиот претседател Путин кој на новинарски прашања одговори дека Бајден за Москва е поприемчив фаворит „поради неговата предвидливост“ фаворит за Москва на изборите во САД..

Европските челници, сепак, застанаа во одбрана на американскиот претседател по бројните гафови на самитот на НАТО, но медиумите од континентот тоа го протолкуваа како дополнителен доказ дека тој не е подготвен да го победи поранешниот претседател Доналд Трамп на ноемвриските избори.

Особено тоа зајакна откако Бајден го замени и името на својата потпретседателка Камала Харис со Трамп на прес-конференција чија цел беше токму да ја увери јавноста за менталните способности на претседателот, во првото негово самостојно соочување со новинарите по ноември 2023 година.

Сѐ повеќе демократи го повикуваат Бајден да се откаже од трката за уште еден мандат во Белата куќа. Повиците дојдоа по дебатата со Трамп на 27 јуни, која аналитичарите, медиумите и колегите ја нарекоа лоша за Бајден.

И додека европските лидери кои учествуваа на состанокот беа дипломатски кон американскиот претседател, пофалувајќи ја организацијата на самитот, медиумите како британскиот Дејли Телеграф заклучија дека „Бајден изгледа готов“. Тој, пак, најавува дека не планира да се откаже.