Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, кажа дека земјите кои протеруваат руски дипломати нема да ги затворат руските амбасади во нивните држави, зашто во спротивно ќе видат катанец на врата.
Захарова кажа дека земјите кои протерале руски дипломати ќе добијат тежок удар од страна на Русија.
ЕУ и некои земји, меѓу кои се Германија, Франција, Шпанија и Италија решија да протераат руски дипломати оваа недела.