![avtobus](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/avtobus.webp?resize=696%2C392&ssl=1)
Официјалната претставничка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на својот Telegram канал во вторникот го постави прашањето дали меѓународните организации ќе се „активираат“ со „стратешко молчење“ во врска со ударот на украинските вооружени сили врз автобус со деца во јужниот украински регион Запорожје, кој уште од почетокот на војната во 2022 година е под контрила на руските власти.
Беспилотно летало на украинските вооружени сили нападнало училишен автобус во општинскиот округ Василиевски, при што тешко е повреден возачот, а уште пет деца се повредени.
„Дали меѓународните организации и структурите за заштита на човековите права, вклучително и оние специјализирани за заштита на децата, повторно ќе вклучат во ‘стратешки молк’“, напиша Захарова.
Претходно во вторникот руските медиуми известија дека беспилотно летало на украинските вооружени сили нападнало училишен автобус во областа со мнозинско руско и рускојазично население во округот Василиевски.
Петте деца повредени во нападот на украински дрон на обележан училишен автобус во областа Запорожје се пренесени во болница на дополнителни испитувања. Во автобусот имало 20 деца и двајца возрасни придружници, објави гувернерот на регионот именуван од руските власти Евегниј Балицки на својот Telegram.
„Сите деца добија лекарска помош, а со децата работат психолози. Пет деца се пренесени во болница на дополнителни прегледи“, објави Балицки.
Според него, возачот на училишниот автобус се здобил поввреди од шрапнели во пределот на градниот кош, рана на окото, како и со изгореници во пределот на лицето поради што лекарите одлучиле да го транспортираат во поголемата Подрачна болница Мелитопол.