Захарова: На работ сме од нуклеарна војна, Западот „опасно балансира“

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, повторно ја спомна нуклеарната војна, велејќи дека Западот ја испровоцирал кризата во Украина.

– Соединетите Американски Држави и нивните сојузници се заглавуваат на работ на отворен воен конфликт со Москва, кој би бил полн со нуклеарни тензии. Откако ја испровоцираа ескалацијата на украинската криза и започнаа насилна хибридна конфронтација со Русија, Вашингтон и неговите сојузници опасно балансираат на работ на отворен воен конфликт со нашата земја, што значи директен вооружен судир меѓу нуклеарните сили  – рече Захарова.

Таа рече дека е јасно дека таков конфликт ќе биде полн со нуклеарна ескалација.

Захарова, исто така, ги критикуваше обидите на Јапонија да ја прикаже Русија како земја која се заканува со нуклеарно оружје.

– Сакаат да нѐ прикажат како земја која се заканува да користи нуклеарно оружје. Тоа е неприфатливо – истакна таа.