Захарова најави контрамерки ако САД го зголеми военото присуство на Кипар

„Русија ќе биде приморана да преземе соодветни мерки во случај на засилено воено присуство на САД во Кипар“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа истакна дека од неколку извори добила информации дека САД вршат анализи и истражувања за евентуално зголемување на военото присуство на Кипар со цел „контраодговор на руското воено влијание во регионот и успешните операции на руските сили во Сирија“.

Според Захарова, неодамна, американски експерти го набљудувале островот, особено објекти од стратешко значење, кои би можеле да се искористат како бази на вооружените сили на САД.

„Доколку островот се вклучи во реализација на американските, но и плановите на НАТО, неизбежно ќе има опасни и дестабилизирачки последици за самиот Кипар“, заклучи Захарова.