САД и Велика Британија водат „прокси војна “ преку Украина против Русија со вооружување, испраќање воени инструктори во Киев и вежбање на украинските војници, рече во четвртокот портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова, оценувајќи дека станува збор за „хибридната војна“ на НАТО против Русија.
Захарова посочи дека САД, покрај испораките на повеќекратни ракетни системи со долг дострел HIMARS, во Украина испратиле и воени инструктори кои благодарејќи на сателитски снимки всушност раководат со украинските гранатирања врз цивилни цели во одметнатата доминантно руска и рускојазична област Донбас.
„Вооружените формации на Украина масовни ги користеа повеќекратните ракетни системи HIMARS добиени од САД, и тоа го правеа со директна помош на американската страна, којашто не само што ги обезбедила разузнавачки информации, туку и тајно издавала команди за прецизно гаѓање на инструкторите испратени за помош на режимот во Киев“, рече Захарова,
Како што пренесува агенцијата РИА, портпаролката на руската дипломатија истакнала дека „забележливо е активирањето на украинската армија, којашто очигледно добила наредба од Киев без нималку двоумење да ги користи тие системи против цивилното население“.
САД објави дека осум системи HIMARS, со дострел до 80 километри, ќе бидат оперативни до средината на јули, а со нив досега, како што тврди Киев биле уништени „повеќе“ руски складишта за муниција на истокот на Украина. Руското министерство за одбрана на 6-ти јули објави дека во Доњецк уништил две батерии од системите HIMARS многу брзо откако биле распоредено на боиштето.
На Западот тврдат дека тоа оружје би можело да донесе промена на односот на силите на боиштето и да се запре бавното но континуирано напредување на руските сили, додека Москва предупреди дека тоа ќе доведе само до поголем број на цивилни жртви, а ќе доведе руската војска да почне да ги употребува новите напредни оружја кои досега не биле ангажирани во војната.
Захарова, исто така, ја критикуваше Велика Британија поради одлуката на своја територија да обучува украински војници на своја територија. Според неа, новата иницијатива на Лондон е дела од „хибридната војна“ на Западот преку Украина против Русија. Москва и порано предупредуваше дека според востановените правила, таквите ангажирања на трети земји во вооружен конфликт, значи и нивно директно учество во судирот.