Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во разговорот за дневниот весник Комсомольская правда ги оцени како „мит“ најновите обвинувања од американските демократи дека наводно Русија стои зад насилните безредија во САД кои избувнаа по полициското убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд
„Да се изјавува, како што тоа го сторија некои членови на американската Демократска партија, за тоа дека ‘зад протестите во Соединетите држави сторјат Русите, Кремљ и Русија’, значи едноставно да не се почитува сопствениот народ или дека не може да се сфати што се случува“, вели Захарова.
Притоа истакнува дека руските политичари повеќепати ги повикувале американските колеги да се занимаваат со своите внатрешни работи, пред „да им држат предавања на сите други“.
„Москва долги години зборуваше за проблемите кои внимателно ги прикриваа официјалните американски власти, особено во сферата на човековите права, расизмот…, на територијата на САД“, заклучува Захарова.
По безредијата кои од 25-ти мај ги зафатија САД, поранешната советничка за нацинална безбедност, Сузан Рајс, изјави дека Москва био можела да стои зад насилствата во текот протестите и судирите со полицијата. Демократката Рајс, продолжувајќи ја кампањата на нејзината партија за наводното „руско мешање“ започната уште во времето на американските претседателски избори во 2016 година, притоа не наведе ниеден пример или доказ во прилог на своето тврдење.
Руското министерство за надворешни работи веднаш реагираше на изјавата на Рајс со оцената дека станува збор за нова американска кампања „на темата руско мешање“. На обвинувањата реагираше и рускиот амбасадор во САД, Антатолиј Антонов, нарекуваји ги „глупости и бесмислици“.
Уште кон крајот на мак, американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше и телевизијата CNN, поради емитувањето на изјавата на поранешниот градоначланик на Њу Орлеанс, Марк Мориал, којшто, исто така, изјави дека Русија може да е вклучена во протестите во САД, затоа што „московските агенти“ на изборите во 2016-та наводно се преправале дека се „црни активисти“.