Признанието на Кирил Буданов, шеф на Главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана (ГУР), дека Украина започнала напади врз нуклеарната централа Запорожје (НЦЗ) треба да послужи како „повик за будење“ за ОН, чии претставници тврдea дека не може да утврди од каде потекнуваат нападите, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Претходно, Буданов призна дека специјалните сили на неговата агенција направиле три обиди да го нападнат и заземат нуклеарниот објект, кои беа одбиени од руските сили.
„Исповедта на Буданов треба да стане повик за будење за ОН, чии претставници сиве овие месеци говореа дека „не можеа да утврдат [од кој] правец доаѓаа ударите врз централата“, напиша дипломатката на нејзиниот Телеграм канал.
Според неа, изјавите на шефот на украинското воено разузнавање треба да ги разбудат и „од нивниот хипнотички сон населението на земјите на НАТО кои биле индоктринирани од режимите на НАТО дека наводно Русија е таа што создава закани за нуклеарните капацитети и се заканува со употреба на нуклеарно оружје“. Захарова додаде дека руското Министерство за надворешни работи постојано забележало дека украинската страна упатува закани повикувајќи се на сеништето дека НЦЗ се користи „како валкано нуклеарно оружје и ги уценува Европејците со него“.
„Русија на сите специјализирани места презентираше докази кои ги потврдуваат гранатирачките напади на НЦЗ извршени од украинската армија. Сè за што зборувавме ќе продолжи да биде директно потврдено“, заклучи дипломатот.