
Руските специјални служби ќе ги идентификуваат сите вклучени во терористичкиот напад во концертната хала Крокус во Москва, вети портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Како што рече руското раководство, сите инволвирани ќе бидат идентификувани од руската специјална служба“, напиша таа на нејзиниот Телеграм профил, коментирајќи ги изјавите на Вашингтон дека САД не гледаат знаци за вмешаност на Украина во терористичкиот напад.