![аеродроми](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/03/aerodromi.jpg?resize=540%2C360&ssl=1)
По терористичкиот напад во Брисел, германските власти максимално ги зајакнаа мерките на аеродромите во земјата.
Сите вработени на аеродромите се информирани за зголеменото ниво на безбедност, а на помош се повикани и дополнителен број вработени од безбедносните служби, придружени со кучиња за откривање на експлозиви, информира портпарол на федералната полиција.
– Со оглед на тоа што постојано се соочуваме со опасни ситуации на аеродромите, добро сме подготвени, изјави претставник на федералната полиција за весникот „Билд“.
Една од мерките за безбедност што е преземена утринава по терористичките напади во Брисел е и пренасочување на летовите на т.н. алтернативни аеродроми како Дизелдроф, каде што денеска биле пренасочени два лета од други дестинации.
Според портпаролите на двата берлински аеродроми „Тегел“ и „Шоненфилд“, денеска се откажани сите летови за Брисел на барање на авиокомпаниите.
Летовите за Брисел се откажани и од Хамбург, а до пладне се откажани и пет лета до и од Михнен, по што авиациските власти треба да одлучат за останатите летови кон белгискиот главен град.