Околу 3.000 луѓе се евакуирани од три железнички станици во Москва- Казанска, Јарославска и Ленинградска, поради анонимен повик дека на нив има поставено бомби.
– По повик дека на железничките станици се поставени бомби, евакуирани се по илјада луѓе од Казанска и Ленинградска железничка станица, додека од Јарославска се евакуирани 750, наведе извор од руските безбедносни служби.