Закана за бомба во јапонскиот парламент

Јапонскиот парламент доби електронска порака во која непознати напаѓачи се закануваат дека за утре се планирани напади врз институцијата.

Одделот за односи со јавност на Горниот дом на јапонскиот Парламент примил електронско писмо во кое се наведува дека во петок, на 21 април, во 13:34 часот по локално време (6:34 часот по средноевропско време) ќе се случи масовно убиство во Горниот и Долниот дом на парламентот), пренесува Санкеи Њуз.

Авторите на заканите соопштиле дека припаѓаат на религиозна група, но не е прецизирано за која станува збор. Нивната цел, како што навеле, е да извршат терористички напад, „бидејќи само во него гледаат можност за промени во државата“.

Во писмото понатаму се наведува дека се „поставени голем број бомби со разорна моќ во ходниците на горниот и долниот дом на парламентот“ како и уреди со кои ќе се распрска отровната супстанца сарин, која, патем, е еден од најопасните нервни агенси. По добивањето на дописот, полицијата извршила проверка во просториите, но засега нема дополнителни информации.

Дваесет и четиригодишен Јапонец беше уапсен во саботата откако експлодираше чадна бомба на предизборен собир во западниот град Вакајама. Кишида неповредени беше евакуиран на безбедна локација по детонацијата во рибарското пристаниште во градот. Нема настрадани во инцидентот. Јапонскиот премиер држеше говор за поддршка на кандидатот на неговата Либерално демократска партија (LDP) во рамките на кампањата за локалните избори.

Во јули минатата 2022 година претходникот на Кишида на премиерската должност Шонзо Абе беше убиен на улица во текот на предизборен говор во старата јапонска царска престолнина Нара. Тој напад предизвика осуди и изненадување ширум светот, бидејќи Јапонија се смета за една од најбезбедните земји и има исклучително строги закони за носење оружје. Во моментот на сила низ земјата се зголемени безбедносни мерки.