
Непознато лице претпладнево се јавило во редакциите на два грчки весника предупредувајќи дека во зградата на Врховниот суд на Грција се поставени две бомби.
Весниците веднаш ја информирале полицијата, по што е спроведена евакуација на вработените и присутните во зградата на Судот. Во тек е акција на специјалните тимови на грчката полиција за проверка на објектот.
Според грчките медиуми, непознатиот јавувач рекол дека првата бомба ќе експлодира во 9:30 часот, а втората во 11 часот по локално време.