Кремљ во понеделникот соопшти дека нема да биде вовлечен во откривање на разговори на високо ниво, откако весникот The Wall Street Journal (WSJ) го цитираше републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп дека му се заканил на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе ја нападне Москва во случај на инвазија на Украина.
Во интервју за WSJ, Трамп рече дека навоно го предупредил Путин дека САД ќе ја нападнат Москва доколку испрати трупи во Украина.
„Владимир, ако тргнеш на Украина, ќе те удрам толку силно што не можеш ни да замислиш. Ќе удрим во самиот центар на ѓаволската Москва“, му го раскажал Трамп разговорот со Путин на новинарот на весникот.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави во понеделникот дека Русија ќе заземе разумна позиција и нема да ја открие содржината на разговорите на високо ниво.
„Сè уште претпочитаме да се изјаснуваме за многу одговорна позиција во однос на тоа да не дава јавност на разговорите на највисоко ниво. За жал, голем број светски државници не се придржуваат до овој став и не се грижат за информациската хигиена. Но тоа е на нивната совест“, рече Песков.
Тој исто така додаде дека „во САД, во екот на претседателската кампања, може да се слушнат многу вжештени и многу емотивни изјави, особено во последната фаза од кампањата“ за новиот станар на Белата куќа.
Дека Трамп во разговор со Путин не се заканувал со никакви „удари врз Москва“, убеден е поранешниот руски претседател а сегашниот заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев. Тој истакнува дека во реалноста Трамп е „свилен“ во преговорите.
„Трамп премногу се занесува. Дали навистина ветил ќе ја ‘удри ѓаволската Москва’? Секако дека не. Тој генерално во преговорите е свилен. Да и на таквите зборови има сано еден одговор: И вашиот е…н Вашингтон ќе биде погоден. Накусо, нашиот однос е прилично топол“, заклучува Медведев во кусата објава на англиски јазик, придружувајќи ја со емотикон за смеење.