
Германската амбасада во Анкара во четвртокот е затворена поради терористички закани, пренесуваат светските медиуми.
Исто така се наведува дека германското Министерство за надворепни работи донело одлука за затворање на конзулатот и училиштата на германски јазик во Истанбул.
Во соопштението се наведува дека таквата одлука е донесена бидејќи постои предупредување кое не е возможно да се провери, па од безбедносни причини преземен е ваков чекор.
Германскиот конзулат во Истанбул се наоѓа на плоштадот Таксим, каде секојдневно поминуваат голем број туристи.
Во Анкара неодамна се случи бомбашки напад во кој загинаа 37 лица, а над 120 беа повредени.