Закани за бомби во 31 скопско училиште

На електронските адреси на 31 училиштe во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа, информира МВР.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Дојави за бомби вчера имаше во 23 средни и 22 основни училишта во Скопје. По спроведените проверки, МВР информираше дека сите дојави се лажни.

Закани за поставени бомби училиштата добиваат веќе четири месеци, а по антитерористички проверки се покажа дека дојавите се лажни.