Закажана првата седница на Анкетната комисија за онкологија

Анкетната комисија формирана за обелоденување на вистината за скандалот со онкологија предводена од пратеничката Рашела Мизрахи денеска ќе ја одржи својата прва седница.

Се очекува во собраниска сала за време на процесот да се појават сите сегашни и поранешни министри за здравство и директори на Онкологија во периодот од 2020 година до сега.

Мизрахи најави дека нејзина главна цел е да се дојде до вистината во случајот, и доколку се испостави дека сомневањата се основани ќе бара и политичка одговорност.

Денеска треба да биде познато и кои од финкционерите први ќе седнат пред пратениците.

Анкетната Комсиија има мандат за утврдување на хронологија на настаните на клиниката, но и најважно, дали се загрозени основните човекови права на пациентите.

Паралелно обвинителството утврдува дали има кривично дело со препродажба на лекови на сметка на тешко болните.