
Жаклина Божиновска (43) од Куманово е жената која синоќа загина во невремето на обиколницата кај Смилковско езеро. Таа со семејството на брат и се враќала од Охрид кон Куманово, јави kumanovonews.com
Невремето ги фатило на автопатот и им го потопило автомобилот. Во обид да се спасат излегле до колата и продолжиле пеш. Додека се пробивале низ буицата Жаклина исчезнала. Залудни биле обидите на нејзиниот брат да ја пронајде и да ја спаси. На нејзината снаа со две малолетни деца им помогнале луѓе кои наишле со комби, а братот продолжил да ја бара сестрата во текот на ноќта. Утринава му била соопштена тажната вест дека е пронајдена удавена.
Жаклина и семејството на брат и вчера заминале на еднодневна прошетка во Охрид, бидејќи децата им биле на одмор.
Божиновска работеше во ЈП “Чистота и зеленило“.