И покрај низата сериозни забалешки на Венецијанската комисија во однос на Законот за употреба на јазиците, за вицепремиерот Бујар Османи, кој пред Комисјата го бранеше Законот, нема дилема дека треба да се продолжи со негова побрза имплементација.
За Османи, Законот е всушност „автентична рефлексија на Рамковниот догоовр“, и според неговото „автентично“ толкување, мислењео на Комисијата е „победа на европска мултиетничка Северна Македонија“.
Но, не може да занемари и еден друг политички момент кој јасно го разоткрива „моделот“ на создавање на главниот концеп на Законот за јазици. Имено, овој закон произлезе од таканаречената Тиранска платформа, која беше услов за формирање на актуелната влада.
Токму во таа насока, една од забелешките на Венецијанската комисија е дека има сознанија дека законот бил подготвен како дел од коалицискиот договор меѓу двете партии (СДСМ и ДУИ) без претходна соодветна анализа на слабостите и пропустите во примената на законот за јазиците од 2008 година и без соодветна консултација со претставниците на помалите етнички заедници.
Сепак, наспроти обидите да се спинуваат мислењата на Венецијанската комисија, заклучокот е многу прецизен и дециден а тоа е дека употребата на албанскиот јазик оди предалеку и бара од власта да го преиспита Законот.
Македонскиот член во Венецијанската комисија, професорката Тања Каракамишева, ги нотираше битните забелешки на Комисијата кои јавноста треба да ги знае.
Наведена е силна критика поради скратената постапка во која законот беше донесен во Собранието. Гласањето на законот се одржа во отсуство на најголемата опозициска партија и без расправа по поднесените амандмани, што покрена силни реакции во јавноста.
Се посочува ризикот од пречки при примена на законот не само поради одредена незаконска или несовесна акција преземена од страна на авторитетите, туку и поради квалитетот на законот кој тешко може да биде применет.
Се оценува дека Законот во некои сегменти оди предалеку, со наметнување нереални правни обврски, особено во судрските постапки, што може да го забави функционирањето на правосудството и сериозно да го наруши правоот на фер судење од Европската конвенција за човекови права.
Комисијата укажува дека треба да се преиспита Законот за јазиците и во консултација со сите партии да бидат земени предвид следниве препораки:
– да се отстранат одредбите што се однесуваат на двојазичноста во судските постапки.
– да се измени чл. 3 од Законот – со кој се обезбедува употреба на албанскиот јазик во внатрешната и внатре-институционалната комуникација – на пример, преку ограничување на неговиот опсег во делот на писмената официјална комуникација, или да ја одложи примената на законот се додека не се обезбеди соодветна имплементација на оваа одредба, односно додека не се обезбеди нејзината реалност.
– да се одложи примената на санкциите предвидени во законот.
Комисијата му препорачува на законодавецот при повторното разгледување на измените на законот да не ја користи скратената постапка во Собранието.
Целата анализа погледнете ја на нејзиниот Фејсбук профил.