Работната група за спроведување на договорот од Пржино синоќа постигна напредок за прашањата поврзани со изборите и се договори повторно да ги продолжи разговорите денеска, се наведува во соопштение амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија.
Партиите исто така, се договорија прашањето за предложеното инкриминирање на објавување на нелегално стекнати информации да го покренат во работната група, да разгледаат такво можно законско решение во пакет со законско решение за заштита на таканаречените свиркачи и овие прашања да ги решат пред 20 октомври. Овие закони отвoраат сериозни прашања во врска со слободата на изразувањето, правото на граѓаните на приватност и доброто владеење, кои што треба да бидат адресирани во согласност со меѓународните обврски на Македонија, наведуваат од амбасадата.
Исто така, евроамбасадорот Аиво Орав денеска пред Клубот на пратеници изјави дека во работните групи било договорено двата закони, за свиркачите и за необјавување на „бомбите“, да се вратат на доработка.