Законот за буџети е готов и е на јавна расправа, објави Бесими

Министерството за финансии го подготви  Законот за буџети кој од денеска е прикачен на ЕНЕР во нацрт верзија со што е почната и јавната расправа за овој закон. Информацијата денеска ја сподели министерот за финансии Фатмир Бесими со членовите на Македоснката банкарска асоцијација.

– Се работи за реформски закон, усогласен со неколку европски директиви – рече Бесими.

Тој рече дека при неговата подготовка се користени и забелечите на бизнис заедницата невладиниот сектор и експертите.

Како една од новините е и дефинирано работењето на Фискалниот совет.