Законот за минамална плата не се применува

Законот за минимална плата беше донесен и изгласан во собранието со 70 гласа за и ниту еден против. Имено, првпат законот за минимална плата беше донесен од владата на ВМРО ДПМНЕ каде беше утврдена минимална плата од 10.080 денари.

Експертите велат дека вака поставен новиот закон не е применлив и дека прави повеќе штета од колку корист на двете страни- работниците и работодавачите.

Сопствениците велат дека во вакви услови на ниска продуктивнст на производството и немање на поддршка од државата во тој сегмент кој е круцијален за опстанок и за напредок на овие индустрии како што е кожарската и текстилната воведување на покачена минимална плата дополнително ќе влијае на конкурентноста на негативен начин.

„Експертите велат дека платата не е “музичка желба“ и дека не може да се наметне како фиксен износ кога таа не е реален приказ на состојбите во економијта во различните сектори. Платата како што велат тие, треба да биде регулирана според пазарот на понуда и побарувачка. Експертите сметаат дека доколку се наметнува минимална плата тогаш треба тоа да оди пропратно со поддршка во делот на модернизација и примена на нови практики. Платите се тесно поврзани со продуктивноста и како такви треба да бидат одраз на реалната продуктивност на компаниите. Во било кој друг случај, предупредуваат експертите, целиот сектор на текстилна и кожарска индустрија каде се работи со застарена технологија ќе биде доведен во многу лоша позиција. Тие предупредуваат дека за да не стават клуч на врата поради зголемените трошоци при примена на оваа мерка – минималната плата ќе треба да воведат дополнителни мерки за кратење на трошоците а тука повеќе е јасно е дека први на удар се работниците. Некои од компаниите најавија дека за да ги покријат трошоците произлезени од примена на оваа мерка ќе го скратат превозот на работнците. Со ваквиот закон се намалува продуктивноста на компаниите и тие немаат можност за раст и унапредување на нивните бизниси туку напротив се доведува до постепено нивно згаснување. Од друга страна овој закон ги засега и работниците кои исто така се незадоволни од новиот закон за минимална плата. Работниците сметаа дека законот ги обврзува да исполнуваат одредени норми и дека остава простор за манипулации. Тие сметаат дека новиот закон не нуди гаранции за заштита од злоупотреби односно експлатација на трудот, анализира „Република“.

Работниците сметаат дека ова решение не е наменето за работниците туку напротив, обвинуваат дека е направен по терк на власта. Тие сметаат дека со овој закон се остава простор за злоупотреба нивниот труд односно се остава простор за манупулација со чесниот работник кој мора го дава својот максимален труд, а за возврат да добие минимална плата. Работниците сметаат дека се ставени во најлоша позиција и дека нивните права воопшто не се заштитени.

„Во јавноста има информации дека посебни работодавачи давале по 8.000 денари плата и ги терале работниците да ги вратат 2-те илјади на газдата каде пак останува работникот да зема 6.000 денари. Овој закон е добра идеја, велат експертите, но воопшто не е добро поставен, тие предупредуваат и сметаат дека треба измени и надополнувања. Инаку, новата влада на чело со СДСМ го донесе овој закон пред локалните избори додека од ВМРО-ДПМНЕ уште тогаш предупредуваа дека законот не е поставен реално врз база на истражувања и дека не беа консултирани засегнатите страни при негово изготвување што е најважно при изготвување на ваков вид на закон . ВМРО-ДПМНЕ обвинуваа дека законот е донесен на брза рака заради единствена цел а тоа се да се влијае врз изборниот резултат“, анализира Република.