
Измените во Законот за заштита на населението од заразни болести кое вклучува задолжително носење на маски на отворено, воопшто не беше ставен на дневен ред во Собранието, рече меѓу другото Љупчо Пренџов, пратеник од опозициската партија ГРОМ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ кој во вторникот вечерта гостуваше во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа.
„За да видиме кое е важноста за носењето на на овој закон сакам да кажам дека пред да дојдам во вашата емисија Дојче Веле имаше направено еден интересен преглед само за месец октомври каде што вели дека во Република Македонија само во месец октовмри имаме 441 еден новозаразен на 100 000 жители и дека имаме 8.76 починати на 100.000 жители. Во ЕУ имаме 30 заразени на 100.000 жители просек, а во Германија која со Франција се некој епицентар на новозаразени имаат 50“, илустрираше опозицискиот претеник
Пренџов појасни дека иако значењето на овој закон е големо за земјата, Владата и парламентарното мнозинство кое ја поддржува всушност го кочи неговото донесување, но оти вината сака да ја префрли на опозицијата. Предупреди, исто така, на политизирање на целата состојба со епидемиолошката криза изминатиот период
„Значењето на овој закон беше големо, ако вие сте власт во Република Македонија и контролирате голем дел од медиумите и спроведувате една вистина којашто е според вас е дека опозицијата кочи во Собранието и кога ќе го ставите на дневен ред законот како последна точка, а не како прва точка тогаш излегуваат на виделина сите оние манипулации према граѓаните во Македонија. Практично тоа е еден континуит, бидејќи ако ги гледаме објективно работите ќе видиме дека уште во март кога на 30 заболени се прогласи вонредна состојба, карантини и така натаму, од март досега имаме целосно политизирање на оваа многу сериозна работа“, истакна пратеникот Пренџов.
Посочи дека тие како опозиција имале многу заблешеки за овој закон и тој не бил стваен на дневен ред.
„Ние како опозиција имаме многу забелешки на овој закон, тој не беше ставен на дневен ред и не може да кочи опозицијата кога опозицијата нема претседател нема Собранието, се знае кој е претседател на Собранието“, додаде пратеникот.