Законските измени за намалување на возрасната граница за користење на лични асистенти во Собрание

Пред членовите на собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска на дневен ред е Предлог-законот за изменување на Законот за социјалната заштита, кој има за цел да се овозможи услугата лична асистенција да ја користат и деца од шест годишна возраст со намален функционален капацитет.

Целта на овие измени е да се овозможи индивидуална помош и поддршка и на децата за вршење на секојдневни активности и тоа заради пристап до образовните институции, центрите за рехабилитација и вклучување во заедницата, кои дете без попреченост вообичаено ги врши без поддршка.

Со предложените измени се очекува 200 деца да добијат услуга на лична асистенција и тоа од 80 часа во текот на еден месец.