Законските измени со кои што се предвидува зголемување на мининмалната плата за седум дена ќе се најде на седница на Економско социјалниот совет на Влада, истакна денеска министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, на средба со претставниците на синдикалните организации.
„Како резултат на социјалниот дијалог и социјалното партнерство, соработката со синдикатите, но и соработката со организациите на работодавачи, како и созревањето на околностите, објавувам дека веќе изготвиме законско решение за измени и дополнувања на Законот за минималната плата со коешто предвидуваме зголемување на минималната плата, законско решение кое веќе е доставено на мислење до синдикатите и организациите на работодавачите и коешто ќе биде разгледано за 7 дена на седница на Економско социјалниот совет“, потенцираше тој.