Заладување и поинтензивни врнежи, кои во текот на денот почнувајќи од север ќе преминуваат во снег, се очекува во текот на денешниот ден.
Од УХМР информираат дека до недела наутро насекаде ќе се формира снежна покривка, освен во крајниот југоисточен дел. На планините во западните делови се очекува повеќе од 50 см нов снег, а на повеќето пониски места снежната покривка ќе изнесува од 10 до 20 см.
За време на викендот засилен северен ветер
За време на викендот и во понеделник ќе дува засилен северен ветер, повремено со брзина околу 80 км/час, што ќе предизвика локално создавање на снежни наноси. Од понеделник се очекува стабилизирање со значително пониски температури на воздухот. Најстудено ќе биде во вторник и среда наутро кога на повеќе места температурата ќе се спушти под -15 степени.