
Белгиската полиција денеска уапси три вооружени лица кои неколку часа држеа еден човек како заложник во стан во Гент, но настанот не е поврзан со тероризам, изјави државниот обвинител.
Полицијата утрово блокира станбен блок во Гент откако станарите пријавиле дека четири вооружени мажи влегле во еден стан и држат едно лице како заложник.
Специјални полициски сили влегле во станот и уапсиле тројца мажи, чиј идентитет се уште не е објавен, а во текот на акцијата никој не е повреден.
Очевидци тврдат дека станот каде била заложничката драма се користи од дилери на дрога.