Четиринаесетгодишен ученик држел на нишан 29 ученици и наставник во средно училиште во Филипи во Западна Вирџинија. За среќа, во оваа заложничка драма нема повредени, бидејќи момчето се предало на полицијата и ги ослободил заложниците.
Момчето заложниците ги држел неколку часа. Од полицијата навеле дека инцидентот започнал вчера, нешто по 13 часот по локално време, а полицијата ја ставила ситуацијата под контрола околу 15.30 часот, во Филипи, град кој има околу 3.000 жители и е на 185 километри јужно од Питсбург во соседната држава Пенсилванија.
Началникот на градската полиција, Џеф Волтерс, преговарал за ослободување на заложниците и по неколку часа момчето решило да се предаде.
![Момчето заложниците ги држел неколку часа](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/08/ameika1-1-640x345.jpg?resize=640%2C345)
Волтерс неверојатно добро ја заврши работата во оваа заложничка драма преговарајќи со проблематичното младо момче, посочил портпаролот на локалната полиција.
Момчето е однесено во болница на набљудување. Бидејќи случајот вклучува малолетник, судскиот процес ќе биде затворен за јавноста.