
Британската полиција ги повика во неделата попладнето жителите да не се движат кон спортскиот центар во градот Нанитон поради „инцидент кој е во тел“, пренесуваат медиуми.
Без да наведува поединости, полицијата на Twitter објави дека безбедносните сили се упатени во комплексот во централна Англија. „Службениците во моментов се обидуваат да ја разрешат ситуацијата во областа Бермуда Парк во Нанитон“, се наведува во полициското соопштение.
Непотврдените објави на социјалните мрежи наведуваат дека станува збор за вооружен маж кој држи заложници во куглана. Очевидци пренесуваат дека областа е блокирана, и дека комплексот го надлетуваат полициски хеликоптери.
Според весникот Daily Mail, осомничениот е во еден од објектите на комплексот. Очевидец изјавил дека маж пушел во објектот а кога му било забележано поради тоа, извадил пиштол. Според друг очевидец, мажот држел двајца заложници.
Во близина на забавниот комплекс дежураат амбулантни возила. Околу 390 полицајци се распоредени околу комплексот, наведуваат медиумите.