Залудни се напорите на ЕУ да ја принуди Унгарија да се откаже од законoт пpoтив ЛГБТ пpoпаганда во училишта

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и постави ултиматум на Унгарија, велејќи дека земјата мора да го смени новиот закон, кој, како што тврди, ги крши правата на ЛГБТ или во спротивно ќе се соочи со поведување прекршочна постапка од Европската комисија.

Пристигна и одговорот од Кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Залудни се напорите на Европската унија да ја принуди Унгарија да се откаже од новиот закон, со кој се забранува содржина што ја промовира хомосексуалноста во училиштата“, изјави шефот на кабинетот на премиерот на Унгарија.