Залутан куршум завршил во продавница во Чаир

Залутан куршум преку кров влегов во продавница во скопската населба Чаир. А.З.(55) од Скопје пријавил дека околу 16.30 часот во неговата продавница на подрачјето на Чаир слушнал удар во покривот, по што на подот забележал зрно од огнено оружје.

Повредени лица нема, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, при што зрното е подигнато за понатамошна постапка.