Желбата на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го смени врховниот командант на вооружените сили на Украина Валери Залужни е последица на тајните преговори на украинскиот командант со Западот за прекин на конфликтот со Русија, изјави американскиот новинар Сејмур Херш.
Според него, „драмата“ во Киев исплашила многумина во Вашингтон. Тој посочи дека таму во моментов се разговара за стратегијата за ставање крај на конфликтот „со цел да се прекинат воените операции и да се усогласи финансискиот план за Украина“.
Новинарот нагласува дека претходните изјави на Залужни за безизлезната состојба на украинската армија на бојното поле не биле однапред разговарани со Зеленски, но тие знаеле за нив во американската престолнина.
„Некои во Пентагон и во одделот за разузнавање ја поздравија оценката на Залузни како почеток на неизбежен процес што води кон мир“, рече Херш.
Истовремено, според информациите на Херш, САД планираат да го поддржат врховниот командант на вооружените сили на Украина и да иницираат реформи во земјата кои ќе доведат до смена на актуелниот претседател.